Сите Концерти

  • Музичка Младина за Маестро Ѓумар (22.04.)

    Concert Date Недела, Април 22, 2018 - 20:00

    Концерт на Камерниот Оркестар на Музичка Младина на Македонија во чест на својот долгогодишен соработник, еден од најзначајните и најистакнати диригенти и професори Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017).Камерниот Оркестар на МММ низ својата богата историја остварува бројни успеси низ најпрестижните музчки центри во Европа.Концертот ќе се реализира под раководство на една од најперспективните диригенти од младата генерација - Дијана Имери Илкоска, која по дипломирањето во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар бележи бројни успеси и соработки со престижни оркестри и ансамбли како Македонската Филхармонија, Македонска Опера и Балет, Оркестар и Хор на Бугарското Национално Радио, Камерниот Оркестар на МММ, Камерниот и Симфонискиот Оркестар на ФМУ, Мешаниот Хор при ФМУ и други престижни ансамбли. Како гостин-солист на концертот ќе настапи еден од нашите најбарани пијанисти со европско реноме - Дино Имери, кој ќе го изведе Концертот бр.4 од Л. ван Бетовен веднаш по своите гостувања во Загреб (каде потпиша ексклузивен договор со менаџерската куќа Кристофориум Арт) и Софија (каде по трет пат соработува со престижната Софиска Филхармонија). На останатиот дел од програмата ќе бидат изведени композиции од Ј. С. Бах и В. А. Моцарт. Концертот се реализира во организација на Музичка Младина на Македонија и Македонската Филхармонија. ПРОГРАМА:- Ј. С. Бах - Арија- В. А. Моцарт - "Eine Kleine Nachtmusik" - Л. ван Бетовен - Концерт за пијано и оркестар бр.4 во G-dur(арр. за гудачки оркестар на В. Лахнер)

  • Екслузивен рецитал во Скопје / Камерна сала на МФ (20.12.2017)

    Concert Date Среда, Декември 20, 2017 - 20:00

    По спектакуларниот концерт со Македонската Филхармонија, пијанистот Дино Имери ќе изведе рецитална програма во камерната сала на филхармонијата на 20.12. (Среда) во 20 ч. Имери ќе изведе дела од Рахмањинов и Лист. За повеќе информации следете го следниот линк.

  • Рецитал во Загреб, Хрватска (11.03.2018)

    Concert Date Недела, Март 11, 2018 - 20:00

    Дино Имери ќе изведе рецитал во Загреб, Хрватска во организација на престижната концертна агенција Кристофориум. Повеќе информации наскоро..

  • Чајковски - Концерт бр.1 со Софиска Филхармонија и Маестро Борјан Цанев (12.04.2018)

    Concert Date Четврток, Април 12, 2018 - 19:00

    Дино Имери ќе го изведе Првиот концерт на П. И. Чајковски заедно со престижниот Софиски Филхармониски Оркестар и Маестро Борјан Цанев! Повеќе информации на следниот линк.

  • Отворање на новата сезона на Македонска Филхармонија (25.10.2017)

    Concert Date Среда, Октомври 25, 2017 - 20:00

    Дино Имери ќе ја отвори новата сезона на Македонската Филхармонија изведувајќи го едно од најпознатите и највиртуозни композиции напишани за пијано и оркестар - Концертот бр.1 на П. И. Чајковски заедно со оркестарот на Македонската Филхармонија под диригентство на Маестро Борјан Цанев. Концертот ќе се оддржи во новата концертна сала на Македонската Филхармонија. Повеќе информации наскоро..

  • Презентација на новата концертнa сала и реновирано пијано во И.Н.-Луј (19.10.2017)

    Concert Date Четврток, Октомври 19, 2017 - 20:00

    Дино Имери ќе настапи на свеченото отварање на новата реновирана Концертна Сала при Државното музичко училиште "Илија Николовски/Луј" и презентација на реновираното концертно пијано. Имери ќе настапи со реномираната Ана Дурловски и талентираниот виолинист Александар Иванов.

  • Доделување на хуманитарни награди во чест на Мајка Тереза (05.09.2017)

    Concert Date Вторник, Септември 5, 2017 - 20:00

    Дино Имери ќе настапи во Музеј на град Скопје на 5.09. на свеченото доделување на хуманитарните награди во чест на Мајка Тереза.. Повеќе информации наскоро..

  • Рецитал на "Струшки вечери на поезијата.." (26.08.2017)

    Concert Date Сабота, Август 26, 2017 - 20:00

    Дино Имери ќе настапи на престижните "Струшки вечери на поезијата.." на 26.08. Повеќе информации наскоро..

  • Рецитал на ИНТЕРФЕСТ - Битола (10.10.2017)

    Concert Date Вторник, Октомври 10, 2017 - 20:00

    Дино Имери ќе оддржи ексклузивен рецитал во рамки на престижниот фестивал ИНТЕРФЕСТ - Битола на 10.10.2017. Повеќе информации наскоро..

  • Охридско Лето (12.08.2017)

    Concert Date Сабота, Август 12, 2017 - 20:30

    Дино Имери ќе настапи со еден од најдобрите македонски виолинисти Климент Тодоровски на престижниот фестивал Охридско Лето на 12.08.2017 во 20.30 ч. Програмата ќе содржи дела од Франк, Прокофјев и Сен-Санс. Повеќе информации наскоро..