Сите Концерти

  • Ексклузивен хуманитарен рецитал во Скопје (27.05.2017)

    Concert Date Сабота, Мај 27, 2017 - 20:00

    Младиот виртуоз Дино Имери ќе изведе ексклузивен хуманитарен пијано-рецитал во МОБ на 27.05. (Сабота) во 20 ч. на престижниот фестивал "Мајски Оперски Вечери". Имери ќе презентира програма со дела од Бетовен и Лист, а целта на концертот е да се соберат средства за лекување на младиот пијанист Никола Алексовски. Повеќе информации наскоро..

  • Рецитал со Игор Дурловски, бас (23.05.2017)

    Concert Date Вторник, Мај 23, 2017 - 20:00

    Дино ИмериDino Imeri ќе настапи рецитално со пејачот Игор Дурловски изведувајќи го за прв пат во Македонија циклусот песни "Тивки Песни" од В. Силвестров на 23.05. во МОБ. Повеќе информации наскоро..

  • Рецитал со Бојан Илкоски во Велес (03.05.2017)

    Concert Date Среда, Мај 3, 2017 - 19:00

    Дуо Илкоски-Имери ќе настапат рецитално во Велес на 3.05. во 19 ч. во Театар "Џинот". На програмата се дела од Бах, Равел и Франк. 

  • Благој Цанев - Концерт за Пијано и Гудачи (4.04.2017)

    Concert Date Вторник, Април 4, 2017 - 20:00

    Дино Имери ќе настапи на концерт посветен на творештвото на композиторот Благој Цанев при што заедно со Камерниот Оркестар на ФМУ-Скопје и Маестро Борјан Цанев ќе го изведе Концертот за пијано и гудачи (2003). Концертот ќе се оддржи на 4ти Април во 20 ч. во сала ИМПЕРИЈАЛ-МОБ.

  • Концерт со Ана и Игор Дурловски во Битола (4.11.2016)

    Concert Date Петок, Ноември 4, 2016 - 19:00

    Дино Имери ќе настапи со светски познатите македонски пејачи Ана и Игор Дурловски во Битола на 4ти Ноември по повод ослободувањето на Битола, изведувајќи дела од проектот "Песни од Срцата" кој содржи македонски народни песни аранжирани од композиторот Сони Петровски. Концертот ќе се оддржи во градскиот Театар во 19 часот.

  • Рецитал со Благој Нацоски (3.02.2017)

    Concert Date Петок, Февруари 3, 2017 - 20:00

    Пијанистот Дино Имери ќе соработува со еден од најдобрите македонски тенори - Благој Нацоски, презентирајќи рецитална програма во МОБ. Повеќе информации наскоро..

  • Рецитал со Либусе Санторисова (15.12.'16)

    Concert Date Четврток, Декември 15, 2016 - 20:00

    Пијанистот Дино Имери ќе соработува со сопранистката Либусе Санторисова од Чешка, со рецитална програма во Македонската Опера и Балет. Повеќе информации наскоро..

  • Рецитал со Луиџи Скифано во МОБ (03.12.'16)

    Concert Date Сабота, Декември 3, 2016 - 20:00

    Пијанистот Дино Имери ќе соработува со италијанскиот контра-тенор Луиџи Скифано со рецитална програма во Македонската Опера и Балет. Повеќе информации на официјалната веб страна на МОБ.

  • Концерт на професорите од ДМБУЦ (14.12.'16)

    Concert Date Среда, Декември 14, 2016 - 20:00

    Пијанистот Дино Имери ќе настапи на првиот Концерт на Професорите од ДМБУЦ "Илија Николовски-Луј" - Скопје, на 14ти Декември во "Салон 19,19" (Културно Информативен Центар) во 20 ч. На концертот ќе настапат професори од повеќе класи на најголемиот музички едукативен центар во државата. 

  • Рецитал со флејтистите Б.Бушевска и М.Јакимовска во Teтово (11.11.'16)

    Concert Date Петок, Ноември 11, 2016 - 18:30

    Пијанистот Дино Имери ќе настапи со флејтистите Богдана Бушевска и Марија Јакимовска во концертната сала на Факултетот за Музичка Уметност - Скопје, на 8.11. (Вторник) во 19 часот. Програмата содржи дела од светската литература за пијано и флејта, како и изведба на "Сонатина" од македонскиот композитор Гоце Симоновски.Рециталот ќе биде изведен и во Тетово, на 11.11. (Петок) со почеток во 19 часот во концертната сала на ДМУ Тодор Скаловски-Тетоец.