Сите Концерти

  • Рецитал со флејтистите Б.Бушевска и М.Јакимовска во Teтово (11.11.'16)

    Concert Date Петок, Ноември 11, 2016 - 18:30

    Пијанистот Дино Имери ќе настапи со флејтистите Богдана Бушевска и Марија Јакимовска во концертната сала на Факултетот за Музичка Уметност - Скопје, на 8.11. (Вторник) во 19 часот. Програмата содржи дела од светската литература за пијано и флејта, како и изведба на "Сонатина" од македонскиот композитор Гоце Симоновски.Рециталот ќе биде изведен и во Тетово, на 11.11. (Петок) со почеток во 19 часот во концертната сала на ДМУ Тодор Скаловски-Тетоец. 

  • Рецитал со флејтистите Б.Бушевска и М.Јакимовска во Скопје (8.11.'16)

    Concert Date Вторник, Ноември 8, 2016 - 20:00

    Пијанистот Дино Имери ќе настапи со флејтистите Богдана Бушевска и Марија Јакимовска во концертната сала на Факултетот за Музичка Уметност - Скопје, на 8.11. (Вторник) во 19 часот. Програмата содржи дела од светската литература за пијано и флејта, како и изведба на "Сонатина" од македонскиот композитор Гоце Симоновски.Рециталот ќе биде изведен и во Тетово, на 11.11. (Петок) со почеток во 19 часот во концертната сала на ДМУ Тодор Скаловски-Тетоец. 

  • Лист-Тотентанц и Унгарска Фантазија-Македонска Филхармонија (2.02.2017)

    Concert Date Четврток, Февруари 2, 2017 - 20:00

    "Поезија и Драма" вечер со пијанистот Дино Имери, Македонската Филхармонија и Маестро Емил Табаков во чест и сеќавање на Маестро Саша Николовски кој не' остави сите без зборови напуштајќи не' прерано.Програма:R. Wagner - "Tannhauser Overture"F. Liszt - "Fantasy on Hungarian Themes" S123F. Liszt - Totentanz for piano and orchestra S126Датум: 2.02.2017 во 20 ч.Место: Македонска Филхармонија / Дом на АРМПовеќе информации и билети: http://filharmonija.mk/Concert.aspx?ConcertID=02.02.2017

  • "Монолог на Болката" Нико Ѓоргиевски-тенор и Дино Имери-пијано (27.04.2016)

    Concert Date Среда, Април 27, 2016 - 20:00

    Исклучителен и единствен рецитал со интересен концепт - дела од Сергеј Рахмањинов и П.И. Чајковски илустрирани од нарација и визуелна сценографија која ќе Ве однесе во времињата кога овие дела биле напишани. Концертна сала на ФМУ - 20 ч.; Нико Ѓоргиевски-тенор и Дино Имери-пијано. 

  • Отварање на Фестивал ДММ - "Звуците на Македонија" Мартин & Пер-Екс анс. (30.03.2016)

    Concert Date Среда, Март 30, 2016 - 20:00

    Дино Имери ќе настапи на свеченото отварање на фестивалот Денови на Македонска Музика заедно со Мартин и ПЕР-ЕКС Ансамблот на 30ти Март, 2016 во Македонската Опера и Балет. Проектот наречен "Звуците на Македонија" содржи дела инспирирани од македонскиот фолклор обработени од композиторот Живојин Глишиќ. За повеќе информации околу настанот и останатите концерти на фестивалот следете го следниов линк.

  • Фестивал ДММ - А. Џамбазов "Седум Танцови Варијации" 1977 (14.04.2016)

    Concert Date Четврток, Април 14, 2016 - 20:00

    Дино Имери ќе го изведе делото "Седум Танцови Варијации" од Александар Џамбазов напишано во 1977 год. за пијано и оркестар, заедно со Македонската Филхармонија и диригентот Саша Николовски-Ѓумар на 14ти Април, 2016 на фестивалот Денови на Македонска Музика.Повеќе информации наскоро..

  • Де Фаља - "Огнени Градини" Балет во МОБ (Реприза 02.02.2016)

    Concert Date Вторник, Февруари 2, 2016 - 20:00

    - Пијанистот Дино Имери ќе учествува во репризните изведби на успешниот балет "Огнени Градини" со музика од Мануел де Фаља во продукција на МОБ -Дино Имери ќе го изведе делото "Ноќи Во Шпанските Градини" - клавирски концерт, дел од балетот "Огнени Градини" од Де Фаља. Балетот доби блескави критики - "..балет за сите генерации.." или пак "..вистински празник за уши и очи!" по премиерата и првата реприза изведени една по друга пред преполниот салон во МОБ. Кореограф на балетот е Џејмс Амар од Франција, додека пак овој пат Имери ќе настапи со добро познатата диригентка Бисера Чадловска, како и реномираниот Балетски Ансамбл и Оркестар на МОБ. За сите оние кои ги пропуштија првите две изведби - Ви закажуваме средба на 30ти Јануари како и 2ри Февруари во салонот на МОБ во 20 ч. За повеќе информации посетете' ја веб страната на Македонска Опера и Балет - www.mob.com.mk.Слушнете ја изведбата на Дино Имери на "Ноктурно" од Мануел де Фаља, во живо од една од изведбите на балетот!

  • Де Фаља - "Огнени Градини" Балет во МОБ (Реприза 30.01.2016)

    Concert Date Сабота, Јануари 30, 2016 - 20:00

    - Пијанистот Дино Имери ќе учествува во репризните изведби на успешниот балет "Огнени Градини" со музика од Мануел де Фаља во продукција на МОБ -Дино Имери ќе го изведе делото "Ноќи Во Шпанските Градини" - клавирски концерт, дел од балетот "Огнени Градини" од Де Фаља. Балетот доби блескави критики - "..балет за сите генерации.." или пак "..вистински празник за уши и очи!" по премиерата и првата реприза изведени една по друга пред преполниот салон во МОБ. Кореограф на балетот е Џејмс Амар од Франција, додека пак овој пат Имери ќе настапи со добро познатата диригентка Бисера Чадловска, како и реномираниот Балетски Ансамбл и Оркестар на МОБ. За сите оние кои ги пропуштија првите две изведби - Ви закажуваме средба на 30ти Јануари како и 2ри Февруари во салонот на МОБ во 20 ч. За повеќе информации посетете' ја веб страната на Македонска Опера и Балет - www.mob.com.mk.Слушнете ја изведбата на Дино Имери на "Ноктурно" од Мануел де Фаља, во живо од една од изведбите на балетот!

  • Де Фаља - "Огнени Градини" Балет во МОБ (Реприза 17.12.2015)

    Concert Date Четврток, Декември 17, 2015 - 20:00

    -Пијанистот Дино Имери ќе изведе музика од Мануел Де Фаља во Македонската Опера и Балет во Скопје-Балетот наречен "Огнени Градини" - во кореографија на Џејмс Амар (Франција), под диригентство на Јосеп Висент (Шпанија) ќе ја доживее својата премиера на 16ти Декември во 20 ч. и својата реприза на 17ти Декември во 20 ч. под диригентство на Бисера Чадловска. Покрај Имери, ќе настапи вокалистката Жинеса Ортега Кортез како и балетскиот и оркестарски ансамбл на МОБ.За повеќе информации посетете ја страната: http://mob.com.mk/ogneni

  • Де Фаља - "Огнени Градини" Балет во МОБ (Премиера 16.12.2015)

    Concert Date Среда, Декември 16, 2015 - 20:00