Сите Концерти

  • Концерт со Ана и Игор Дурловски, Македонска Филхармонија и Б. Цанев (30.10.2015)

    Concert Date Петок, Октомври 30, 2015 - 20:00

    Пијанистот Дино Имери ќе настапи со светски познатите пејачи Ана и Игор Дурловски, во придружба на Македонската Филхармонија под диригентство на Борјан Цанев, на концертот насловен "Песни од срца" кој ќе се одржи на 30ти Октомври во МНТ со почеток од 20 часот.Имери ќе биде гостин-солист изведувајќи го делото "Во Струга" од Панде Шахов како и други македонски народни песни аранжирани од композиторот Сони Петровски.За информации за билет, ве молиме посетете ја страната http://www.filharmonija.mk/.

  • Рахмањинов - Концерт бр.3 со Софиска Филхармонија и Маестро Најден Тодоров (15.10.2015)

    Concert Date Четврток, Октомври 15, 2015 - 19:00

    Со големо задоволство Ви најавуваме дека еден од најистакнатите македонски пијанисти - Дино Имери ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар бр.3 од Сергеј Рахмањинов со престижниот Софиски Филхармониски Оркестар и Маестро Најден Тодоров на 15ти Октомври, 2015 во концертната сала "Бугарија" во 19 ч.Третиот концерт на Рахмањинов е едно од најтешките дела напишани во целосната литература за пијано - "..предизвик дури и за ветерани, ова ќе биде моја прва изведба на генијалното дело.." изјави младиот пијанист. Ова е втора соработка на Имери со овој оркестар и диригент во само една календарска година. Имено, младиот пијанист за прв пат настапи со Софискиот оркестар и диригентот Тодоров во февруари 2015-та година кога го изведе делото "Рапсодија на тема од Паганини" од Рахмањинов и веднаш доби покана да настапи повторно со оркестарот веќе следната сезона.За повеќе информации погледнете ја веб страната на Софиска Филхармонија.

  • Рецитал во Скопје - Бојан Илкоски, виолина - Дино Имери, пијано (23.09.2015)

    Concert Date Среда, Септември 23, 2015 - 20:00

    Со големо задоволство Ви ја најавуваме најновата програма на дуо Бојан Илкоски (виолина) и Дино Имери (пијано) која ќе ја изведат рецитално во Скопје, во Музеј на град Скопје на 23.09.2015 во 20 часот. Дуото е формирано во 2013 год., а до сега со голем успех настапило во повеќе европски земји истовремено работејќи на снимање на капитални дела од литературата за виолина и пијано. Екслузивно за публиката во Скопје, Илкоски и Имери одбраа единствена и интересна програма составена од дела од Брамс, Франк, Зографски и Равел. Целосна програма:- Ј. Брамс - Скерцо- М. Равел - Соната бр.2-- пауза --- Т. Зографски - Рапсодија- Ц. Франк - Соната за виолина и пијано 

  • Свечено отворање на 14ти Интернационален Натпревар за Млади Музичари "Охридски Бисери"

    Concert Date Понеделник, Јуни 15, 2015 - 21:00

    -Свечено концертно отворање на 14тиот Интернационален Натпревар за Млади Музичари "Охридски Бисери" (ЕМСИ)-Пијанистот Дино Имери ќе настапи солистички, но и со виолинистот Бојан Илкоски на свеченото отворање на натпреварот "Охридски Бисери" на 15.06.2015 во Сала на Општина Охрид во 21 ч. Фондација "Томислав Зографски" ќе му ја додели специјалната награда Млад Музички Уметник на пијанистот Имери за време на настанот. Влезот е слободен.Програма:-М. Равел - Рапсодија за виолина и пијано-Т. Зографски - Рапсодија за виолина и пијано-Ф. Лист - Унгарска Рапсодија бр.2 (каденца: Дино Имери)

  • Дино Имери - солист со Софиска Филхармонија и Маестро Тодоров (26.02.2015)

    Concert Date Четврток, Февруари 26, 2015 - 19:00

    Пијанистот Дино Имери ќе настапи со престижниот Софиски Филхармониски Оркестар и Маестро Најден Тодоров"Со големо задоволство можам да го најавам своето деби со престижниот Софиски Филхармониски Оркестар и мојата прва соработка со Маестро Најден Тодоров. Вистинска привилегија е да се има можноста да се изведе делото "Рапсодија на тема од Паганини" на композиторот Сергеј Рахмањинов, со добро познатиот оркестар и диригент, се надевам дека е ова прва од многуте вакви соработки со овие прекрасни музичари и организација. Со нетрпение го чекам настапот и средбата со публиката во Софија." - Дино Имери. Концертот е закажан на 26.02.2015 во 19 часот во концертната сала "Бугарија". За повеќе информација посетете  http://www.sofiaphilharmonie.bg/page.php?c=159 како и  http://www.sofiaphilharmonie.bg/page.php?c=172 за програмски детали. 

  • Промоција на Културен Центар - Новогодишен и Божиќен концерт во Скопје (27.12.2014)

    Concert Date Сабота, Декември 27, 2014 - 19:00

    Дино Имери ќе настапи на промотивниот концерт по повод отворање на Културен Центар во Аеродром, Скопје кој ќе се одржи во о.у. "Лазо Ангеловски" во 19 часот. Имери ќе ја изведе Рапсодијата бр. 2 од Франц Лист. 

  • Младите уметници во чест на Томислав Зографски (24.10.2014)

    Concert Date Петок, Октомври 24, 2014 - 20:00

    Дино Имери ќе настапи на Камерен концерт на млади уметници во чест на 80-годишнина од раѓањето на македонскиот композитор Томислав Зографски (1934-2000) на фестивалот "Златна Лира" на 24.10.2014 во 20 часот во концертната сала на Факултетот за Музичка Уметност - Скопје. Настанот е поддржан и организиран од страна на "Фондација Томислав Зографски", а Имери ќе го изведе делото "Рапсодија" за виолина и пијано со виолинистот Бојан Илкоски, како и "Есеј за Дождот" - циклус од 5 песни за глас и пијано со сопранистката Биљана Јосифов. Влезот е слободен.  

  • Рецитал со виолинистот Бојан Илкоски (30.05.2014)

    Concert Date Петок, Мај 30, 2014 - 17:30

    Пијанистот Дино Имери ќе настапи со еден од најталентираните млади виолинисти од Македонија - Бојан Илкоски во Скопје на 30.05.2014 во Концертната Сала на Факултетот за Музичка Уметност. Досега, дуото настапува со голем успех на повеќе концерти во Македонија и странство, а за концертот во Скопје ја одбраа следнава програма:- Т. Зографски - "Рапсодија" за виолина и пијано- Ј. С. Бах - Партита бр.2 за соло виолина (Чакона)- Ц. Франк - Соната за виолина и пијано во А-дур- К. Сен-Санс - Интродукција и Рондо Капричиозо оп.28

  • Концерт со Стразбуршкиот Филхармониски Оркестар и Клеменс Шулдт (14.05.2014)

    Concert Date Среда, Мај 14, 2014 - 20:00

    Пијанистот Дино Имери ќе настапи со еден од најпрестижните оркестри во Европа - Стразбуршкиот Филхармониски Оркестар - и диригентот Клеменс Шулдт на 14.05.2014 во Палата на Конгрес - Сала Еразмус во Стразбур. Младиот пијанист доби покана да го изведе делото Концерт за пијано и оркестар од композиторот Дамир Имери. За повеќе информации, погледнете тука: http://www.philharmonique-strasbourg.com/mai.php?d=4 .

  • Бетовен - Концерт за пијано и оркестар бр.4 (28.04.2014)

    Concert Date Понеделник, Април 28, 2014 - 20:00

    Дино Имери ќе го изведе Четвртиот концерт за пијано и оркестар од Л. ван Бетовен на 28.04. во Музеј на град Скопје во 20ч. под диригентство на Дијана Илкоска и Гудачкиот Камерен Оркестар составен од млади и талентирани музичари од Македонија, Хрватска и Србија. На програмата се застапени и делата "Simple Symphony" од Б. Бритн како и Ноктурно од А. Шенберг покрај музиката на Бетовен, а влезот на концертот е слободен.