Сите Концерти

  • Бетовен - Концерт за пијано и оркестар бр.4 (28.04.2014)

    Concert Date Понеделник, Април 28, 2014 - 20:00

    Дино Имери ќе го изведе Четвртиот концерт за пијано и оркестар од Л. ван Бетовен на 28.04. во Музеј на град Скопје во 20ч. под диригентство на Дијана Илкоска и Гудачкиот Камерен Оркестар составен од млади и талентирани музичари од Македонија, Хрватска и Србија. На програмата се застапени и делата "Simple Symphony" од Б. Бритн како и Ноктурно од А. Шенберг покрај музиката на Бетовен, а влезот на концертот е слободен.

  • Рецитал во француската резиденција (08.04.2014)

    Concert Date Вторник, Април 8, 2014 - 20:00

    Пијанистот Дино Имери настапи на приватен рецитал во резиденцијата на француската Амбасадорка г-ѓа Лоренс Оер презентирајќи програма со дела од Бах, Лист, Дебиси и Дамир Имери. Мадам Оер го покани Имери да настапи во резиденцијата за да го промовира како млад талент чија биографија веќе содржи значајни настапи во Европа, но и да ги најави неодамнешните успеси на концертната турнеја на Имери како и идните концертни ангажмани во Македонија и странство. Со г-ѓа Лоренс Оер: Најава за концертот:

  • Рецитал во Скопје (15.04.2014)

    Concert Date Вторник, Април 15, 2014 - 20:00

    Пијанистот Дино Имери ќе одржи рецитал во организација на Културно Информативниот Центар - Скопје на 15.04.2014 во 20 часот во Музеј на град Скопје.Концертот е дел од пролетната турнеја на пијанистот, а на програмата се застапени дела од Бах, Лист, Дебиси, Дамир Имери и Рахмањинов. Влезот е слободен.

  • Отворање на ДАМ Фестивал - Приштина (29.03.2014)

    Concert Date Сабота, Март 29, 2014 - 20:00

    Пијанистот Дино Имери, со солистички концерт ќе го отвори фестивалот ДАМ - интернационален фестивал за млади уметници кој ја реализира својата 9та едиција оваа година. Имери ќе изведе дела од Бах, Лист и Рахмањинов, а ќе ја изведе премиерата на делото "Сизифус" од Анда Криезиу, како и косовската премиера на дела од Дамир Имери. Настанот ќе се одржи на 29.03. во 20 ч. во Red Hall, Приштина. Рециталот е дел од пролетната турнеја на Дино Имери која вклучува повеќе настапи во Скопје, Битола и Приштина. Повеќе информации на www.DamFest.com. 

  • Отворање на ДММ - Концертисимо (03.04.2014)

    Concert Date Четврток, Април 3, 2014 - 20:00

    На 03.04.2014 во 20 ч. свечено ќе се отвори 37. издание на фестивалот ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА (ДММ) во Македонската Опера и Балет со концертот "Concertissimo" на кој ќе настапи пијанистот Дино Имери заедно со Македонската Филхармонија под диригенство на Томас Херцог. Младиот пијанист ќе го изведе делото "Рапсодија за Скопје" (1966) од композиторот Александар Џамбазов (1936), а на програмата се и 3 концерти за пијано и оркестар од композиторите Гоце Коларовски, Панде Шахов и Фатос Љумани кои ќе ги изведат пијанистите Елена Мисиркова, Хајди Елзесер и Шкелзен Бафтијари. Влезот е слободен, а за повеќе информации отворете го Facebook настанот.

  • Рецитал во НУ Музеј и Завод - Битола (22.03.2014)

    Concert Date Сабота, Март 22, 2014 - 20:00

    Пијанистот Дино Имери ќе одржи солистички рецитал во НУ Музеј и Завод - Битола на 22.03.2014 (Сабота) во 20 ч. Влезот е слободен.Со овој концерт младиот пијанист ја започнува својата пролетна турнеја која вклучува настапи во Скопје (2 рецитали, настап на "Concertissimo" - свечено отворање на фестивалот ДММ со Македонската Филхармонија под диригенство на Томас Херцог), Битола (НУ Музеј и Завод) и Приштина (Рецитал на свечено отворање на фестивалот ДАМ).Програма на концертот во НУ Музеј и Завод - Битола:- Ј.С. Бах - Сицилијана BWV 596;- Ф. Лист - Унгарска Рапсодија бр.2 (Каденца: Дино Имери);- К. Дебиси - Clair de Lune; - Дамир Имери - За Дино*- Трад./Дамир Имери - Сербез Донка*;- С. Рахмањинов - Соната бр.2;* - премиерна изведба на делото.

  • Француска вечер - ФМУ (27.11.2013)

    Concert Date Среда, Ноември 27, 2013 - 19:00

    На 27 Ноември 2013 во 19 ч. во салата на Факултетот за Музичка Уметност - Скопје ќе настапи пијанистот Дино Имери заедно со виолинистот Бојан Илкоски во склоп на програмата на "Француска вечер" во организација на ФМУ - Скопје и француската амбасада. По неодамнешниот успех на младите уметници во Нови Сад, Србија каде беа почесни гости на Академијата за Уметности во рамки на фестивалот А-ФЕСТ, македонската публика ќе има можност да ја слушне нивната изведба на делото "Tzigane" Рапсодија за виолина и пијано од Морис Равел. Влезот е бесплатен.

  • Рецитал со сопранот Биљана Јосифов во Скопје (24.12.2013)

    Concert Date Вторник, Декември 24, 2013 - 20:00

    Дино Имери ќе одржи рецитал со сопранот Биљана Јосифов во организација на Културно Информативниот Центар - Скопје во "Салон 19,19" на 24.12.2013 во 20 ч. На програмата ќе бидат изведени дела  од В.А. Моцарт и Ф. Шуберт. Гостин на концертот ќе биде виолончелистот Кирил Јосифов.  

  • Настап на А-ФЕСТ во Нови Сад, Србија (16.11.2013)

    Concert Date Сабота, Ноември 16, 2013 - 20:00

    Дино Имери ќе настапи солистички и со виолинистот Бојан Илкоски во Нови Сад, Србија на 16.11.2013 на фестивалот А-ФЕСТ или Фестивал на студентите од музичкиот оддел на Академијата за Уметности во Нови Сад. Младите уметници се почесни гости (претставувајќи го Факултетот за Музичка Уметност - Скопје) на фестивалот кој вклучува гостувања на студенти од музичките академии од Сараево, Скопје, Ниш, Нови Сад и Белград како и семинари и предавања од еминентни професори. Повеќе информации тука и на официјалната страна на Академијата за Уметности, а целосната програма може да ја преземете тука.Датум: 16.11.2013, 20hСала: Мултимедијален Центар, Нови СадПрограма:- М. Равел - "Tzigane" за виолина и пијано- Ф. Лист - Д. Имери - српска премиера на Унгарска Рапсодија бр. 15 (транскрипција Дино Имери)\ 

  • Бетовен - концерт за пијано и оркестар бр.4 (Јуни 2013)

    Concert Date Понеделник, Јуни 10, 2013 - 20:00

    Дино Имери го изведе концертот за пијано и оркестар бр. 4 од Л. ван Бетовен во придружба на проф. Марија Ѓошевска. Овој концерт беше дел од магистерскиот испит на Имери кој го заврши со Cum Laude почести. Имери ги заврши своите пост-дипломски студии во класата на проф. Симон Трпчески.