Сите Концерти

  • Настап со виолинистот Бојан Илкоски - Европски Таленти (Април 2013)

    Concert Date Петок, Април 26, 2013 - 20:00

    Дино Имери настапи со виолинистот Бојан Илкоски на концертот Европски Таленти во салата на ФМУ - Скопје во изведба на М. Равел - "Tzigane" на 26.04.2013.

  • Концерт на Шпанска Музика (Март 2013)

    Concert Date Вторник, Март 5, 2013 - 19:00

    Дино Имери настапи со виолинистот Бојан Илкоски на Концертот на Шпанска Музика во организација на Шпанската Амбасада во Скопје на 5.03.2013 во "Салон 19,19" - Скопје. Младите музичари го изведоа "Баскиско Капричо" од П. де Сарасате за виолина и пијано.

  • "Ватрослав Лисински" - отварање на Пијанофортисимо (Февруари 2013)

    Concert Date Вторник, Февруари 5, 2013 - 20:00

    Дино Имери одржа успешен концерт во престижната сала "Ватрослав Лисински" изведувајќи дури 4 биса на барање на публиката, отварајќи го концертниот циклус Pianofortissimo во организација на АРТ Агент, Загреб. Овој концерт беше второ гостување на Имери во Загреб на кој му претходеше оној минатата година во Музејот за Уметност и Занает каде Имери ја затвори изложбата "10 стари инструменти" на проф. Љубомир Гашпарович.Концертот беше снимен од страна на Хрватското Национално Радио и Телевизија HRT и доби позитивни критики од страна на публиката и медиумите.Програма:- J. Brahms - 2 Rhapsodies op.79;- L. van Beethoven - Sonata no.23 op.57 "Appassionata";- - Пауза - - - S. Rachmaninov - Sonata no.1 in d-minor;Можете да погледнете неколку исечоци од концертот на официјалниот канал на Дино Имери следејќи го следниот линк: http://www.youtube.com/user/dinoimeri/videos .

  • Камерна музика на Есенски Музички Свечености (Ноември 2012)

    Concert Date Понеделник, Ноември 12, 2012 - 20:00

    Дино Имери настапи заедно со своите колеги во камерен оркестар под раководство на диригентката Дијана Илкоска. Концертот беше посветен на дела од македонски композитори напишани во нивните студентски денови, а Имери учествуваше во изведбата на делото "Хуморокеска" од проф. С. Петровски.

  • Рецитал во Скопје (Октомври 2012)

    Concert Date Вторник, Октомври 30, 2012 - 20:00

    Дино Имери одржа рецитал во Музеј на град Скопје на 30.10.2012 во организација на КИЦ-Скопје. Имери изведе 3 биса, а на програмата беа делата:- J. Brahms - 2 Рапсодии op.79;- F. Liszt - D. Imeri - Унгарска Рапсодија бр.15 "Rakoczy March" (транскрипција);- S. Rachmaninov - Sonata no.1 in d-minor; (прва изведба во Македонија);

  • Отварање на француско катче во Велес (Октомври 2012)

    Concert Date Петок, Октомври 5, 2012 - 19:00

    Дино Имери настапи на отварањето на Француско Катче во Велес, Македонија на 5.10.2012 во салата "Бели Мугри".Програмата ја содржеше Рапсодија за пијано бр. 1 од Јоханес Брамс како и светска премиера на Ф. Лист - Унгарска рапсодија бр. 15 во аранжман на Дино Имери.

  • Рецитал на Фестивалот Охридско Лето (Јули 2012)

    Concert Date Сабота, Јули 28, 2012 - 21:00

    Дино Имери одржа целовечерен рецитал на престижниот фестивал Охридско Лето на 28.07.2012 во св. Софија. Оваа прилика беше избрана од страна на дирекцијата на фестивалот за директно пренесување на концертот во живо на интернет за прв пат во историјата на фестивалот, а беше проследен од над 7,000 гледачи од целиот свет. Програмата (покрај 3те биса) ги содржеше следниве композиции:- L. van Beethoven - Sonata no.32 op.111 in c-minor;- J. Brahms - Intermezzo op.118 in A-major;- M. Ravel - "Gaspard de la Nuit";- F. Liszt - Mephisto Waltz;

  • Пијано-чело рецитал во Битола (Јули 2012)

    Concert Date Недела, Јули 1, 2012 - 20:30

    "Сонатна Вечер" со пијанистот Дино Имери и челистот Кирил Јосифов се одржа во Битола на 1.07.2012 во Галерија, Музеј и Завод. Програмата содржеше сонати од Д. Шостакович и С. Рахмањинов.

  • Пијано-чело рецитал во Скопје (Јуни 2012)

    Concert Date Вторник, Јуни 19, 2012 - 20:00

    Дино Имери настапи со челистот Кирил Јосифов изведувајќи ги сонатите за пијано и виолончело од Д. Шостакович и С. Рахмањинов во Скопје, во организација на Културно Информативниот Центар - Скопје. Концертот се одржа во "Салон 19,19" на 19.06.2012.

  • С. Рахмањинов - Рапсодија на тема од Паганини (Мај 2012)

    Concert Date Понеделник, Мај 14, 2012 - 20:00

    По големиот успех во Загреб, Имери ја изведе Рапсодијата на тема од Паганини на композиторот С. Рахмањинов со Симфонискиот Оркестар на Факултетот за музичка уметност - Скопје под раководство на маестро Саша Николовски - Ѓумар. Програмата ја содржеше и 7мата Симфонија на Л. ван Бетовен, а можете да ја чуете цела изведба на Рапсодијата на официјалниот канал на Дино Имери следејќи ја следнава страна: http://www.youtube.com/watch?v=BvLk-Vks_CE .