Сите Концерти

  • С. Рахмањинов - Рапсодија на тема од Паганини (Мај 2012)

    Concert Date Понеделник, Мај 14, 2012 - 20:00

    По големиот успех во Загреб, Имери ја изведе Рапсодијата на тема од Паганини на композиторот С. Рахмањинов со Симфонискиот Оркестар на Факултетот за музичка уметност - Скопје под раководство на маестро Саша Николовски - Ѓумар. Програмата ја содржеше и 7мата Симфонија на Л. ван Бетовен, а можете да ја чуете цела изведба на Рапсодијата на официјалниот канал на Дино Имери следејќи ја следнава страна: http://www.youtube.com/watch?v=BvLk-Vks_CE .

  • Прво гостување во Загреб, Хрватска (Мај 2012)

    Concert Date Недела, Мај 6, 2012 - 12:00

    Дино Имери го одржа својот деби рецитал во градот Загреб, Хрватска свечено затворајќи ја изложбата "10 стари инструменти" во Музејот за Уметност и Занает. Колекцијата содржеше 10 различни пијана реставрирани во состојба на свирење од проф. Љубомир Гашпарович, а изложбата беше поддржана од хрватскиот претседател г-дин Иво Јосипович. Г-дин Гашпарович ги собирал и работел на овие инструменти целата негова кариера, а некои од инструментите се постари и од 100 години. Претставуваше особен предизвик за Имери да ја изведе следнава програма на пијано марка Стејнвеј и Сонс од 1922 год.:- L. van Beethoven - Sonata no.32 op.111;- M. Ravel - "Gaspard de la Nuit";- F. Liszt - Mephisto Waltz;Концертот беше успешен и остави многу позитивни впечатоци кај публиката и критиката, а покрај тоа што содржеше дури 2 биса, концертот резултираше со покана за настап за следната сезона во престижната концертна сала "Ватрослав Лисински" во Загреб. 

  • Концерт во француската резиденција (Април 2012)

    Concert Date Среда, Април 11, 2012 - 19:00

    Дино Имери одржа рецитал пред одбрана публика во резиденцијата на амбасадорот на Р. Франција во Македонија неговата екселенција г-дин Жан-Клод Шлумберже. Пијанистот беше поканет да настапи ( со дела од Бах, Равел, Рахмањинов, Лист и Шуман) по повод неговите неодамнешни успеси во Нормандија, Франција каде учествуваше на 3тиот Европски Натпревар по пијано и каде беше рангиран во првите 10 пијанисти во цела Европа. За повеќе информации посетете ја страната на Француска Амбасада: http://www.ambafrance-mk.org/Recital-du-pianiste-Dino-Imeri-a .  

  • Француско-германски концерт (Февруари 2012)

    Concert Date Среда, Февруари 15, 2012 - 20:00

    Дино Имери го изведе ремек-делото "Ла Валс" од композиторот М. Равел на концерт кој ја одбележи 49-годишнината од Елисејскиот договор помеѓу Франција и Германија во организација на француската и германската амбасада во Скопје во соработка со ФМУ - Скопје.

  • Концерт на класата на проф. Борис Романов (Декември 2011)

    Concert Date Понеделник, Декември 19, 2011 - 19:00

    Дино Имери ја изведе Рапсодијата на тема од Паганини од композиторот С. Рахмањинов за пијано и оркестар, во аранжман за две пијана. Концертот ја одбележа 20-годишнината од првиот концерт на класата на проф. Борис Романов во Скопје, 1991 год. Придружбата ја изведе пијанистката Нина Костова.

  • Концерт во чест на Ф. Лист (Ноември 2011)

    Concert Date Среда, Ноември 23, 2011 - 20:00

    Дино Имери го изведе делото Мефисто Валцер од Ф. Лист на концертот посветен на годишнината од раѓањето на големиот композитор во салата на ФМУ - Скопје на 23.11.2011. Со овој настап, Имери го заврши одбележувањето на 200 годишнината од раѓањето на Ф. Лист преку серија на концерти меѓу кои и успешниот концерт во родното место на композиторот, Рајдинг во познатата сала Лист Центрум.

  • Концерти во Охрид (Лето 2011)

    Concert Date Понеделник, Јули 18, 2011 - 21:00

    Дино Имери учествуваше на годишниот Интернационален семинар по пијано на проф. Борис Романов кој вклучи 2 концерти:- 14.07.'11 - О.М.У. Методи Патчев - Етиди од С. Рахмањинов и Ф. Лист;- 15.07.'11 - Фестивал Охридско Лето - Св. Софија - М. Равел - Ла Валс (транскрипција за соло пијано од авторот);Имери исто така учествуваше полу-рецитал на фестивалот Охридско Лето во рамки на концертот на Млади Таленти изведувајќи ја Соната во h-moll од Ф. Лист на 18.07.'11.

  • Рецитал во Скопје (Октомври 2011)

    Concert Date Недела, Октомври 6, 2013 - 19:00

    Дино Имери одржа солистички рецитал во Скопје, Македонија во салата на Факултетот за Музичка Уметност на 6.10.2011.Рециталот ја содржеше следнава програма:- F. Liszt - Sonata in b-minor- F. Liszt - Etude "La Campanella"- F. Liszt - Mephisto Waltz- - пауза - -- F. Chopin - Polonaise-fantasy- M. Ravel - Gaspard de la Nuit- M. Ravel - La Valse (транскрипција за соло пијано) 

  • Чајковски - Концерт за пијано и оркестар бр.1 (Мај 2011)

    Concert Date Четврток, Мај 19, 2011 - 20:00

    Дино Имери го изведе Концертот бр. 1 за пијано и оркестар од П. И. Чајковски со Македонската Филхармонија и маестро Борјан Цанев на годишниот студентски концерт организиран од оркестарот и државните музички факултети.

  • Концерти во Австрија (Април 2011)

    Concert Date Среда, Април 13, 2011 - 20:00

    Австриската сесија на Европската Пијано Програма се одржа од 5ти до 16ти Април во Ајзенштат, Рајдинг и Виена. Дино Имери учествуваше на 3 концерти:- 13.04.'11 - Лист Центрум во Рајдинг на концертот "Пол Гулда претставува..." во родното место на Франц Лист;- 14.04.'11 - Концертна сала на Ј. Хајдн конзерваториум - Ајзенштат на концертот "Лист Маратон" (пренос во живо на интернет од 14-20 часот);- 15.04.'11 - Замок Естерхази - Императорска Сала во Ајзенштат на концертот "Виенски Класици";Дино Имери исто така учествуваше на интернационалната работилница и семинари со Пол Гулда, Станислав Тихонов и Ралф Хајбер.