Голем успех за Дино Имери и Бојан Илкоски во Нови Сад

- Голем успех на пијанистот Дино Имери и виолинистот Бојан Илкоски во Нови Сад -

Младите таленти настапија на фестивалот А-ФЕСТ како почесни гости на Академијата за Уметности во Нови Сад

Нашите млади уметници пијанистот Дино Имери и виолинистот Бојан Илкоски настапија на фестивалот А-ФЕСТ во Нови Сад во Мултимедијалниот Центар претставувајќи го Факултетот за Музичка Уметност - Скопје на средбата на академии. Младите таленти беа почесни гости на Академијата за Уметности од Нови Сад која го организираше настанот на кој учествуваа бројни гости од музичките академии од Сараево, Ниш, Белград и Скопје. Имери и Илкоски беа испратени со овации воодушевувајќи ја публикатаи стручната јавност со нивната изведба на делото  Tziganeод Морис Равел, како и соло настапот на пијанистот кој за овој настан одбра да ја претстави својата транскрипција на Унгарската рапсодија бр.15 од Франц Лист при тоа остварувајќи српска премиера на ова дело. Македонската публика ќе има можност да ги слушне нашите таленти во салата на Факултетот за Музичка Уметност на Француска Вечер во организација на факултетот и француската амбасада во Скопје на 27 ноември.