Дино Имери лауреат на наградата "Томислав Зографски"

Еден од најперспективните македонски пијанисти, Дино Имери е добитник на наградата "Млад Музички Уметник" доделена од Фондација "Томислав Зографски" по повод 80-годишнината од раѓањето на еден од најистакнатите македонски композитори. Одборот на фондацијата и нејзиниот директор Панда Зографска Беличанец ја донесоа одлуката на 4.12.2014 г. , а доделена е на младиот пијанист поради исклучителни домашни и меѓународни концертни успеси како и промоција на творештвото на македонските композитори Т. Зографски, А. Џамбазов и Дамир Имери. Наградата беше доделена на свеченото отворање на Интернационалниот натпревар по музика "Охридски Бисери" кое се одржа на 15.06.2015 г. во организација на Здружението на Музички и Балетски Педагози, а на концертот младиот пијанист настапи солистички, но и со својот долгогодишен музички партнер виолинистот Бојан Илкоски изведувајќи дела од Т. Зографски, Ф. Лист и М. Равел.

       

(Дино Имери и Панда Зографска Беличанец, директор на Фондација Зографски на доделувањето на наградата 15.06.2015)

(Бојан Илкоски и Дино Имери: Т. Зографски - Рапсодија и М. Равел - Концертна Рапсодија)

(Дино Имери: Франц Лист - Унгарска Рапсодија бр.2)