Дино Имери - солист со престижниот Стразбуршки Филхармониски Оркестар

Реномираниот пијанист Дино Имери настапи со Стразбуршкиот Филхармониски Оркестар - еден од најпрестижните оркестри во Европа - и диригентот Клеменс Шулдт. За пијанистот, француските медиуми изјавија "Магионичар на пијаното кој конечно имавме шанса да го слушнеме во Стразбур", а за овој посебен настан Имери изјави: "Огромна е честа која ми беше укажана да гостувам со еден од најквалитетните оркестри во Европа и диригентот Клеменс Шулдт, а особено ми значи овој настап поради тоа што имав ретка можност да го изведам делото од мојот татко Дамир Имери кое беше примено со овации и голем интерес како од музичарите од оркестарот, така и од публиката присутна на концертот."

Повеќе информации на: http://www.philharmonique-strasbourg.com/mai.php?d=4