Нова Сезона 2017/18 и впечатоци од изминатата..

Драги љубители на класичната музика и поддржувачи на младиот, но веќе реномиран пијанист Дино Имери,

Измина уште една успешна и плодна сезона (2016/17). Младиот пијанист издвои нови успеси и оствари бројни соработки со видни уметници. Накратко, Имери соработуваше со пијанистот Бобан Мирковски, флејтистите Богдана Бушевска и Марија Јакимовска, пејачите Игор и Ана Дурловски, оствари серија на посетени и успешни меѓународни рецитали со пејачите Луиџи Скифано (Италија)Либуше Санторисова (Чешка)Алексеј Шаповалов (Русија), рецитали со Благој НацоскиИгор Дурловски. Оствари соработка со Македонската Филхармонија и Маестро Емил Табаков (Бугарија) на концертот посветен на прерано починатиот диригент Саша Николовски-Ѓумар, хуманитарно настапи со своите колеги-професори од ДМБУЦ, настапи со Камерниот Гудачки Оркестар на ФМУ-Скопје и Маестро Борјан Цанев на концерт посветен на творештвото на Благој Цанев, рецитално настапи со виолинистот Бојан Илкоски, оствари хуманитарен рецитал во рамки на Мајските Оперски Вечери. Сезоната продолжи и во летниот период кога Дино Имери настапи на престижните Рацинови Средби во Велес, Охридско Лето со виолинистот Климент Тодороски како и на Струшките Вечери на Поезијата

А сега, време е за новата сезона 2017/18!

Ви ги претставуваме засега потврдените настани:
5.09. - Свечен концерт по повод доделување на Посланија за Хуманост на здружение Св. Мајка Тереза - Скопје (Дино Имери е добитник на наградата)
10.10. - Рецитал во рамки на ИНТЕРФЕСТ-Битола
19.10. - Свечено отворање на новата концертна сала и репарираното концертно пијано во ДМБУЦ
25.10. - Свечено отворање на новата концертна сезона на Македонската Филхармонија / Чајковски - Концерт бр.1, Маестро Борјан Цанев
- Рецитал во Скопје - наскоро ќе биде објавен потврдениот датум
11.03.2018 - Рецитал во Загреб, Хрватска
28.03.2018 - Рецитал во Келн, Германија со Ана Дурловски
12.04.2018 - Гостин-солист на Софиската Филхармонија / Чајковски - Концерт бр.1, Маестро Борјан Цанев.

Наскоро следуваат уште настани! Ви благодариме за несебичната поддршка и воедно Ве каниме на концертите на младиот виртуоз Дино Имери!