Нови активности на дуо Илкоски-Имери (16.09.2015)

Дуо Бојан Илкоски (виолина) и Дино Имери (пијано) периодов работеа на повеќе интересни проекти кои вклучуваа снимачки сесии како и припрема на ексклузивниот рецитал во Скопје планиран да се оддржи на 23.09.2015 г. во Музеј на град Скопје во 20 ч. 

Дуо Илкоски-Имери би сакале да ја искористат оваа можност да се заблагодари на високо професионалната и топла екипа од Студио М1 - МРТВ:
- Будимка Имери, музички продуцент; - Ѓорѓи Христовски, тон мајстор; Ова не е прва соработка на дуото со екипата од М1, до сега е снимена Рапсодијата "Tzigane" од Морис Равел, а на последните сесии дуото работеше на Соната за виолина и пијано од Цезар Франк. Снимката од ова капитално дело ќе биде достапна наскоро на официјалниот YouTube канал на пијанистот Дино Имери како и на веб страната dinoimeri.com. 

Снимање во Студио М1 - Дуо Илкоски-Имери со екипата
(од лево кон десно: Бојан Илкоски, Будимка Имери (продуцент), Дино Имери, Ѓорѓи Христовски (тон мајстор)