Повторно во студио.. (Февруари 2015)

Пијанистот Дино Имери ја оствари својата прва студиска соработка со еден од најперспективните млади македонски виолинисти Бојан Илкоски. Дуото настапува од 2013 год. со голем успех во земјата и странство. Резултатот од студиските сесии на младите музичари ќе биде објавен наскоро на Официјалниот YouTube Канал на Дино Имери. Дуо Илкоски-Имери би сакале да ја искористат оваа можност да се заблагодарат на прекрасната екипа во Студио М1 - Продуцентот Будимка Имери, Тон Мајсторот Ѓорги Христовски, Пијано штимерот Кире Ристески како и Инжењерот Љупчо Дебарлиев.

Фотографии:


(Пијанистот Дино Имери и виолинистот Бојан Илкоски)

 

(Дино Имери, продуцентот Будимка Имери & Бојан Илкоски)