Пролетна турнеја 2014

Пијанистот Дино Имери успешно ја реализираше својата Пролетна Турнеја која опфаќаше разновидни настани во повеќе градови во земјата и странство:

- На 22.03.2014 со голем успех настапи со солистички концерт во НУ Музеј и Завод - Битола каде по завршувањето на редовната програма, пијанистот исполни 2 биса.


- На 29.03.2014 со солистички концерт Имери го отвори престижниот интернационален фестивал за млади музичари ДАМ Фестивал во Приштина - настан од особена важност во културните збиднувања на градот, пијанистот беше испратен со овации во Црвената Сала каде изведе дела од Бах, Лист, Криезиу, Дамир Имери и Рахмањинов. 


- 03.04.2014 - На огромно задоволство, Имери ја имаше честа и одговорноста за прв пат во Скопје да го изведе светски наградуваното дело "Рапсодија за Скопје" од македонската музичка легенда Александар Џамбазов под диригенство на маестро Томас Херцог (Швајцарија) и Македонската Филхармонија. Концертот под наслов "Concertissimo" претставуваше свечено отворање на фестивалот Денови на Македонска Музика, а на програмата беа застапени 4 дела за пијано и оркестар од композиторите Ф. Лумани, Г. Коларовски, П. Шахов и А. Џамбазов. 

  

   

- 8.04.2014 - Пијанистот одржа солистички рецитал во Француската Резиденција на Амбасадорот на Р. Франција г-ѓа Лоренс Оер.

- 15.04.2014 - Имери настапи со голем успех во Музеј на Град Скопје - во организација на Културно Информативен Центар - Скопје, со рецитална програма составена од дела од Бах, Лист, Дебиси, Дамир Имери и Рахмањинов. Можете да погледнете видео записи од настапот во секцијата Media на веб страната.

- 28.04.2014 - Со особено задоволство, Имери настапи со диригентот Дијана Илкоска и Гудачкиот Камерен Оркестар во изведба на Четвртиот концерт за пијано и оркестар на Л. ван Бетовен. Оркестарот членуваше музичари од Македонија, Србија и Хрватска кои самоиницијативно се организираа и го формираа камерниот оркестар под раководство на Илкоска. 

- 14.05.2014 - Дино Имери настапи со светски реномираниот Стразбуршки Филхармониски Оркестар под диригентство на Клеменс Шулдт и успешно ја изведе француската премиера на Концертот за пијано и оркестар од Дамир Имери. Младиот пијанист беше наречен "Магионичар на пијаното, кој конечно имавме шанса да го чуеме во Стразбур.."

- 30.05.2014 - Имери настапи рецитално со виолинистот Бојан Илкоски во концертната сала на ФМУ - Скопје со богата и разновидна програма составена од дела на Т. Зографски, Ц. Франк и П. Сарасате.