Сите Новости

  • Нова Сезона 2017/18 и впечатоци од изминатата..

    Драги љубители на класичната музика и поддржувачи на младиот, но веќе реномиран пијанист Дино Имери,Измина уште една успешна и плодна сезона (2016/17). Младиот пијанист издвои нови успеси и оствари бројни соработки со видни уметници. Накратко, Имери соработуваше со пијанистот Бобан Мирковски, флејтистите Богдана Бушевска и Марија Јакимовска, пејачите Игор и Ана Дурловски, оствари серија на посетени и успешни меѓународни рецитали со пејачите Луиџи Скифано (Италија), Либуше Санторисова (Чешка), Алексеј Шаповалов (Русија), рецитали со Благој Нацоски, Игор Дурловски. Оствари соработка со Македонската Филхармонија и Маестро Емил Табаков (Бугарија) на концертот посветен на прерано починатиот диригент Саша Николовски-Ѓумар, хуманитарно настапи со своите колеги-професори од ДМБУЦ, настапи со Камерниот Гудачки Оркестар на ФМУ-Скопје и Маестро Борјан Цанев на концерт посветен на творештвото на Благој Цанев, рецитално настапи со виолинистот Бојан Илкоски, оствари хуманитарен рецитал во рамки на Мајските Оперски Вечери. Сезоната продолжи и во летниот период кога Дино Имери настапи на престижните Рацинови Средби во Велес, Охридско Лето со виолинистот Климент Тодороски како и на Струшките Вечери на Поезијата. А сега, време е за новата сезона 2017/18!Ви ги претставуваме засега потврдените настани:- 5.09. - Свечен концерт по повод доделување на Посланија за Хуманост на здружение Св. Мајка Тереза - Скопје (Дино Имери е добитник на наградата)- 10.10. - Рецитал во рамки на ИНТЕРФЕСТ-Битола- 19.10. - Свечено отворање на новата концертна сала и репарираното концертно пијано во ДМБУЦ- 25.10. - Свечено отворање на новата концертна сезона на Македонската Филхармонија / Чајковски - Концерт бр.1, Маестро Борјан Цанев- Рецитал во Скопје - наскоро ќе биде објавен потврдениот датум- 11.03.2018 - Рецитал во Загреб, Хрватска- 28.03.2018 - Рецитал во Келн, Германија со Ана Дурловски- 12.04.2018 - Гостин-солист на Софиската Филхармонија / Чајковски - Концерт бр.1, Маестро Борјан Цанев.Наскоро следуваат уште настани! Ви благодариме за несебичната поддршка и воедно Ве каниме на концертите на младиот виртуоз Дино Имери!

  • Номинација за награда "Виртуози" во категорија Меѓународна Афирмација

    Пијанистот Дино Имери е номиниран за најпрестижната македонска награда за класична музика - наградата "Виртуози" во категорија Меѓународна Афирмација. Ова е втора номинација за Имери, откако во 2013 год. тој ја доби наградата во категоријата "Млад Музички Уметник". Свечената церемонија ќе се оддржи овој четврток (21ви Април) во Македонската Опера и Балет во 20 часот. За повеќе информации посетете ја страната www.virtuosi.mk .

  • Спектакуларен концерт во Софија - Рахмањинов Трети концерт + 3 биса! (15.10.2015)

    Нов подвиг на пијанистот Дино Имери - го изведе најтешкото дело за пијано во СофијаЕден од најистакнатите македонски пијанисти Дино Имери повторно ја воодушеви публиката во Софија каде настапи со Софискиот Филхармониски Оркестар под диригентство на Маестро Најден Тодоров на 15.10.2015 во преполната концертна сала "Бугарија" каде заедно го изведоа Третиот Концерт за пијано и оркестар од композиторот Сергеј Рахмањинов.Дино Имери повторно блесна во Софија, а по маестралната изведба на комплексното 50-минутно дело публиката не му дозволи на пијанистот да ја напушти сцената се' додека тој не изведе дури 3 биса - секој од нив обработка на младиот пијанист на дела од Франц Лист и македонскиот композитор Александар Џамбазов. Настапот на Имери беше проследен од КЛАСИК ФМ Радио-Софија како и Бугарското Национално Радио кое го снимаше концертот притоа емитувајќи специјална програма посветена на нашиот пијанист на која прозвучеа дела од странски, но и домашни автори во изведба на Имери. Според раководството на оркестарот "..навистина е тешко да се најде нов предизвик за овој млад и брилијантен музичар, бидејќи со неверојатна леснотија го совлада и изведе најтешкото дело за пијано! Но, со сигурност можеме да очекуваме нови плодни соработки во иднина."По концертот, Имери изјави дека "..беше голем предизвик, кој потоа се преточи во големо задоволство да се научи, спреми и изведе едно од најтешките композиции напишано за пијано - Концертот бр.3 на С. Рахмањинов. За прв пат го изведувам токму со прекрасниот Софиски Филхармониски Оркестар и Маестро Тодоров. Овој концерт ќе ми остане во сеќавање, а со големо нетрпение ја очекувам мојата следна средба со публиката во Бугарија."

  • Нови активности на дуо Илкоски-Имери (16.09.2015)

    Дуо Бојан Илкоски (виолина) и Дино Имери (пијано) периодов работеа на повеќе интересни проекти кои вклучуваа снимачки сесии како и припрема на ексклузивниот рецитал во Скопје планиран да се оддржи на 23.09.2015 г. во Музеј на град Скопје во 20 ч. Дуо Илкоски-Имери би сакале да ја искористат оваа можност да се заблагодари на високо професионалната и топла екипа од Студио М1 - МРТВ:- Будимка Имери, музички продуцент; - Ѓорѓи Христовски, тон мајстор; Ова не е прва соработка на дуото со екипата од М1, до сега е снимена Рапсодијата "Tzigane" од Морис Равел, а на последните сесии дуото работеше на Соната за виолина и пијано од Цезар Франк. Снимката од ова капитално дело ќе биде достапна наскоро на официјалниот YouTube канал на пијанистот Дино Имери како и на веб страната dinoimeri.com. Снимање во Студио М1 - Дуо Илкоски-Имери со екипата(од лево кон десно: Бојан Илкоски, Будимка Имери (продуцент), Дино Имери, Ѓорѓи Христовски (тон мајстор) 

  • Дино Имери лауреат на наградата "Томислав Зографски"

    Еден од најперспективните македонски пијанисти, Дино Имери е добитник на наградата "Млад Музички Уметник" доделена од Фондација "Томислав Зографски" по повод 80-годишнината од раѓањето на еден од најистакнатите македонски композитори. Одборот на фондацијата и нејзиниот директор Панда Зографска Беличанец ја донесоа одлуката на 4.12.2014 г. , а доделена е на младиот пијанист поради исклучителни домашни и меѓународни концертни успеси како и промоција на творештвото на македонските композитори Т. Зографски, А. Џамбазов и Дамир Имери. Наградата беше доделена на свеченото отворање на Интернационалниот натпревар по музика "Охридски Бисери" кое се одржа на 15.06.2015 г. во организација на Здружението на Музички и Балетски Педагози, а на концертот младиот пијанист настапи солистички, но и со својот долгогодишен музички партнер виолинистот Бојан Илкоски изведувајќи дела од Т. Зографски, Ф. Лист и М. Равел.       (Дино Имери и Панда Зографска Беличанец, директор на Фондација Зографски на доделувањето на наградата 15.06.2015)(Бојан Илкоски и Дино Имери: Т. Зографски - Рапсодија и М. Равел - Концертна Рапсодија)(Дино Имери: Франц Лист - Унгарска Рапсодија бр.2)

  • Дино Имери - солист со Софиска Филхармонија и Маестро Тодоров (Ново)

    Спектакуларен концерт на Дино Имери со Софиската Филхармонија и Маестро Најден ТодоровНајавуван како "големото име - надежта на современата македонска музика", а испратен со стоечки овации во концертната сала "Бугарија", еден од најперспективните македонски пијанисти на публиката и подари 2 биса по редовната програма. По изведбата на виртуозниот "Бумбаров Лет" од Римски-Корсаков во транскрипција на Ѓ. Цифра, бравурозната интерпретација ја крена публиката на нозе, по што и самите оркестарски музичари се приклучија во громогласниот аплауз. "Навистина имам единствено позитивни впечатоци од мојот престој како гостин на прекрасниот оркестар. Соработката со диригентот, оркестарот и организацијата беше на високо професионално ниво, а посебно ми значи што многубројната публика ме прими на незаборавен начин. Со големо задоволство ја прифатив поканата повторно да настапам со овој оркестар, веќе следната сезона." - изјави Имери по настапот. Нашиот пијанист доби многубројни комплименти од голем број музичари, критичари, слушатели меѓу кои и Маестро Тодоров кој изјави "Уште од нашата прва заедничка проба, јас и музичарите од оркестарот посакавме Имери повторно да ни гостува идната сезона. Имаме потреба да работиме со вакви музичари. Се работи за исклучителен талент кој и покрај својата младост име стекнато големо музичко искуство."Пред концертот беше организирана и средба со солистот и диригентот, на која публиката имаше можност да се запознае лично со изведувачите, како и да ги слушне нивните ставови за програмата на концертот, како и нивните размислувања за музиката.Дино Имери го изведува "Бумбаров Лет" од Римски-Корсаков во транскрипција на Ѓ. Цифраhttp://www.youtube.com/watch?v=712r9M7-MhgЗа повеќе информација посетете  http://www.sofiaphilharmonie.bg/page.php?c=159 како и  http://www.sofiaphilharmonie.bg/page.php?c=172 за програмски детали. 

  • Повторно во студио.. (Февруари 2015)

    Back in the studio - Imeri and Ilkoski

    Пијанистот Дино Имери ја оствари својата прва студиска соработка со еден од најперспективните млади македонски виолинисти Бојан Илкоски. Дуото настапува од 2013 год. со голем успех во земјата и странство. Резултатот од студиските сесии на младите музичари ќе биде објавен наскоро на Официјалниот YouTube Канал на Дино Имери. Дуо Илкоски-Имери би сакале да ја искористат оваа можност да се заблагодарат на прекрасната екипа во Студио М1 - Продуцентот Будимка Имери, Тон Мајсторот Ѓорги Христовски, Пијано штимерот Кире Ристески како и Инжењерот Љупчо Дебарлиев.Фотографии:(Пијанистот Дино Имери и виолинистот Бојан Илкоски) (Дино Имери, продуцентот Будимка Имери & Бојан Илкоски) 

  • Дино Имери - солист со престижниот Стразбуршки Филхармониски Оркестар

    Реномираниот пијанист Дино Имери настапи со Стразбуршкиот Филхармониски Оркестар - еден од најпрестижните оркестри во Европа - и диригентот Клеменс Шулдт. За пијанистот, француските медиуми изјавија "Магионичар на пијаното кој конечно имавме шанса да го слушнеме во Стразбур", а за овој посебен настан Имери изјави: "Огромна е честа која ми беше укажана да гостувам со еден од најквалитетните оркестри во Европа и диригентот Клеменс Шулдт, а особено ми значи овој настап поради тоа што имав ретка можност да го изведам делото од мојот татко Дамир Имери кое беше примено со овации и голем интерес како од музичарите од оркестарот, така и од публиката присутна на концертот."Повеќе информации на: http://www.philharmonique-strasbourg.com/mai.php?d=4  

  • Пролетна турнеја 2014

    Пијанистот Дино Имери успешно ја реализираше својата Пролетна Турнеја која опфаќаше разновидни настани во повеќе градови во земјата и странство:- На 22.03.2014 со голем успех настапи со солистички концерт во НУ Музеј и Завод - Битола каде по завршувањето на редовната програма, пијанистот исполни 2 биса.- На 29.03.2014 со солистички концерт Имери го отвори престижниот интернационален фестивал за млади музичари ДАМ Фестивал во Приштина - настан од особена важност во културните збиднувања на градот, пијанистот беше испратен со овации во Црвената Сала каде изведе дела од Бах, Лист, Криезиу, Дамир Имери и Рахмањинов. - 03.04.2014 - На огромно задоволство, Имери ја имаше честа и одговорноста за прв пат во Скопје да го изведе светски наградуваното дело "Рапсодија за Скопје" од македонската музичка легенда Александар Џамбазов под диригенство на маестро Томас Херцог (Швајцарија) и Македонската Филхармонија. Концертот под наслов "Concertissimo" претставуваше свечено отворање на фестивалот Денови на Македонска Музика, а на програмата беа застапени 4 дела за пијано и оркестар од композиторите Ф. Лумани, Г. Коларовски, П. Шахов и А. Џамбазов.      - 8.04.2014 - Пијанистот одржа солистички рецитал во Француската Резиденција на Амбасадорот на Р. Франција г-ѓа Лоренс Оер.- 15.04.2014 - Имери настапи со голем успех во Музеј на Град Скопје - во организација на Културно Информативен Центар - Скопје, со рецитална програма составена од дела од Бах, Лист, Дебиси, Дамир Имери и Рахмањинов. Можете да погледнете видео записи од настапот во секцијата Media на веб страната.- 28.04.2014 - Со особено задоволство, Имери настапи со диригентот Дијана Илкоска и Гудачкиот Камерен Оркестар во изведба на Четвртиот концерт за пијано и оркестар на Л. ван Бетовен. Оркестарот членуваше музичари од Македонија, Србија и Хрватска кои самоиницијативно се организираа и го формираа камерниот оркестар под раководство на Илкоска. - 14.05.2014 - Дино Имери настапи со светски реномираниот Стразбуршки Филхармониски Оркестар под диригентство на Клеменс Шулдт и успешно ја изведе француската премиера на Концертот за пијано и оркестар од Дамир Имери. Младиот пијанист беше наречен "Магионичар на пијаното, кој конечно имавме шанса да го чуеме во Стразбур..". - 30.05.2014 - Имери настапи рецитално со виолинистот Бојан Илкоски во концертната сала на ФМУ - Скопје со богата и разновидна програма составена од дела на Т. Зографски, Ц. Франк и П. Сарасате. 

  • Новиот албум на француско/британската виолончелистка Корин Морис "Мacedonian Sessions"е издаден - Имери учествува на неколку композиции

    Познатата француско/британска виолончелистка Корин Морис го издаде својот нов албум насловен "Мacedonian Sessions" кој вклучува учество на пијанистот Дино Имери на 3 композиции.Имери соработуваше со Морис, Маестро Филип Хескет и Македонскиот Радио Симфониски Оркестар. Можете да слушнете некои од композициите тука (К. Морис - Un' Ultima Volta) и тука (М. Де Фаља - Ритуален Танц), за повеќе информации и новости следете ја официјалната страна на Корин Морис.