Сите Новости

  • Нова DVD снимка

    Дино Имери заврши со снимањето на својата најнова DVD снимка, достапна беплатно на официјалниот YouTube канал. Материјалот беше снимен во тек на 3 дена на крајот на Август во СТУДИО М1 - Скопје во соработка со F.A.M.E.'s project - Film & music recording company.Дино работеше со продуцентот Будимка Имери, тон мајсторот Георги Христовски и protools операторот Бобан Апостолов во правењето на овој DVD рецитал кој содржи дела од Бетовен, Хајдн, Брамс и Лист.За да го видите DVD-то во целост, кликнете на следниве линкови:- L. van Beethoven - Sonata no.23 op.57 "Appassionata" in f-minor 1st Movement                              - 2nd and 3rd Movement- J. Haydn - Sonata no.47 in b-minor 1st Movement                 - 2nd Movement                 - 3rd Movement- J. Brahms - Intermezzo op.118 in A-major- F. Liszt - Mephisto Waltz no.1  

  • Добредојдовте на новата официјална страна на пијанистот Дино Имери

    Драги посетители,Би сакал да Ви посакам добредојде на мојата нова официјална веб страна. Тука, ќе можете да ги пронајдете сите информации поврзани со моите професионални активности вклучително концертни датуми, настани, снимки и др. Оваа веб страна содржи контакт информации доколку сте заинтересирани за закажување на концерти, барања за интервју или други прашања. Фотографски и видео материјали се достапни за употреба во медиуми, концертни програми или плакати. Се надевам ќе уживате во вашиот престој слушајќи ги бројните снимки во секцијата Media која исто така ја содржи мојата најнова DVD снимка. Снимката содржи различни композиции од Л. ван Бетовен, Ј. Хајдн, Ј. Брамс и Ф. Лист, а ја снимив во Студиото М1 - Скопје во соработка со F.A.M.E.'s Project - Film & music recording company. Би сакал да Ви се заблагодарам за посетата и да Ви посакам се најдобро во иднина.Со почит,- Дино Имери  

  • Дино Имери - добитник на наградата "Виртуози"

    Dino Imeri receives Virtuosi award

    Пијанистот Дино Имери е добитник на наградата "Виртуози" во категорија "Млад музички уметник" за извонредни успеси за изминатата 2012 година. Наградата претставува највисоко признание од областа на класичната музика во Р. Македонија. За повеќе информации посетете ја официјалната страна на наградата на  http://virtuosi.mk/2012.  (Дино Имери- говор на церемонијата откако ја прими наградата од гитаристот Влатко Стефановски, Март 2013)